1 C
Skopje
Monday, March 8, 2021

Филипе Луис: Жозе не знаеше да го извлече најдоброто од мене, најмногу патев од Салах

Најчитани вести

Поранешниот играч на Челзи Филипе Луис даде љубопитно интервју за „Гардијан“ во кое сподели проблеми со Жозе Мурињо кога Потугалецот беше тренер на „Стемфорд Бриџ“. Бразилскиот лев бек призна дека му се восхитува на Мурињо, меѓутоа тој едноставно не знаел да го извлече најдоброто од него и од Мохамед Салах. Филипе Луис во 2015 година ја освои Премиер лигата со Челзи, а сега игра во Фламенго.

Филипе Луис сподели дека на тренинзи најмногу пател од Салах кого го спореди со Меси.

„На тренинзите најмногу страдав од Салах. Кога тој отиде во Фиорентина, го прашав зошто си оди од тука, па ова е Челзи, многу подобар и попознат клуб. Тој ми одговори дека има потреба да игра. Си реков: „На момчево не му се важни парите и се ќе направи само за да игра. Секоја му чест“. Си отиде за да покаже дека може да игра. На тренинзите беше како Меси, ама навистина како него. Прашајте кого сакате. Тој ме излудуваше, не можев глава да кренам“, сподели Филипе Луис кој најдобрите години во профи-фудбалот ги имаше во Атлетико Мадрид.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести