30.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Фиго му прости на Роналдо за коментарот за неговата сопруга

Најчитани вести

Луис Фиго јавно му прости на својот поранешен соиграч Роналдо за коментар на сметка на неговата сопруга.

Португалецот со Роналдо ја делеше соблекувалната и освои многу трофеи, но едно време нивниот однос не беше баш најдобар и тоа поради сопругата на Фиго, Хелен Сведин.

Имено, кога Перез го советувал Роналдо помалку да излегува и да земе пример од Фиго, Роналдо му одговорил дека и тој не би излегувал да има жена како Хелен. Тоа Роналдо не го прифатил најдобро.

Настанала расправа во соблекувалната, но Фиго сега јавно му прости на Роналдо.

„Во тој момент не ми беше пријатно. Од тогаш помина многу време, знам дека Роналдо не мислеше ништо лошо, беше тоа шега. Кој знае можеби и сум излегувал кога жената ќе заспиеше“, изјави Фиго со насмевка.

Во младоста Фиго беше многу љубоморен кога во прашање е неговата сопруга. Токму на негово инсистирање таа престана да се занимава со манекенство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести