Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и в среда. Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 5.2.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени по овој датум ќе започнат да се внесуваат во подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата, пишува во соопштението на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ).
ИТ-експертите ги финализираат процесите и функционалностите во Фондот за здравствено осигурување и со тоа започна исплатата на боледувањата, породилното отсуство и разни рефундации, соопшти денеска ФЗО.
Оттаму тврдат дека речиси сите модули се ставени во функција, по хакерскиот напад на оваа институција со којашто беа оневозможени услугите.
„Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и в среда. Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 5.2.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени по овој датум ќе започнат да се внесуваат во подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата“, пишува во соопштението.
ФЗОМ посочува дека е во тек и враќањето во функција и на ДРГ-системот, за евиденција на болничките услуги, за што јавноста навремено ќе биде известена.
ФЗОМ во соопштението се заблагодарува за трпението и разбирањето и најавува дека ќе извествестува во текот на денот за сите информации.