9 C
Skopje
Tuesday, March 2, 2021

Фејсбук годинава изгаснал над 5 милијарди лажни профили

Најчитани вести

Фејсбук објави вчера дека затворила дури 5,4 милијарди лажни профили од својата платформа од почетокот на годинава, над двојно повеќе од 2,5 милијарди активни корисници.

Исто така, има многу повеќе исклучувања од минатата година, кога Фејсбук затвори 3,3 милијарди лажни профили, објави Си-Ен-Ен.

Речиси сите профили беа изгаснати пред да имаат можност да станат активни корисници. Сепак, Фејсбук признава дека околу 5% од нивните месечни активни корисници се веројатно лажни.

Ова откритие го покажува обемот на предизвикот со кој се соочува овој интернет гигант кога се подготвува за изборната сезона во САД, како и пописот во таа земја следната година.

Аналитичарите и агенциите за надзор очекуваат нов бран на лажни и дезинформативни содржини на социјалните мрежи по организираната руска кампања за влијание врз изборите во САД во 2016 година со лажни реклами и други дезинформации и пропагандни содржини на оваа социјална мрежа.

Фејсбук исто така откри нови протоколи за безбедност и транспарентност кои треба да спречат повторна употреба на влијание како на изборите во 2016 година.

Основачот и извршен директор на Фејсбук, Марк Цукерберг, во телефонско интервју рече дека овој огромен број на отстранети профили се доказ дека неговата компанија сериозно го сфаќа овој проблем.

„Фактот дека бројките се големи не значи дека има толку многу штетна содржина. Тоа само значи дека ние работиме напорно за да ја идентификуваме оваа содржина и затоа се појавија во толкав поголем број “, рече Цукерберг.

Фејсбук отстрани најголем број лажни профили веднаш на почетокот на годината, 2 милијарди од јануари до март. Во наредните три месеци отстрани 1,5 милијарди, а од јули до септември 1,7 милијарди.

Во својот извештај, Фејсбук исто така откри дека отстраниле 18,5 милиони случаи на детска порнографија и сексуална експлоатација меѓу април и септември, како и 11,4 милиони случаи на говор на омраза. Според компанијата, Фејсбук започна да го отстранува говорот на омраза проактивно во последните две години, што значи дека повеќе не чека ваквите содржини да бидат пријавени од други корисници, туку ги открива самиот алгоритам.

Зборувајќи пред новинарите, Цукерберг објасни дека алгоритмите на Фејсбук сега се користат за отстранување на штетна содржина и на Инстаграм: продажба на лекови, на оружје, експлоатација на деца, самоубиства и самоповредување, како и терористичка пропаганда.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести