Фејсбук воведува можност за корисниците да имаат до пет профили под еден кориснички налог.
Матичната компанија Мета најавува промена која ќе им помогне на луѓето да го прилагодат своето фејсбук искуство врз основа на сопствените потреби, како на пример објавување на разни содржини наменети за семејството во однос на пријателите, пишува британски Метро.
Секој корисник и натаму ќе може да има само Фејсбук налог со главен профил кој ќе продолжи да го користи вистинското име на личности. Корисниците меѓутоа ќе можат да пристапат до дополнителни профили кои ќе можат да ги направат откако ќе се пријават на основниот профил.
Промената би можела да им овозможи на корисниците делумно да го сокријат својот идентитет на најголемата социјална мрежа.
Оваа нова промена е слична како онаа која ја нудат ТикТок и Твитер, но и Инстаграм.
Мета во соопштението нагласила дека нејзините правила против лажно претставување и други видови на лажно претставување на идентитетот и натаму ќе се применуваат. Портпаролот на Мета изјавил дека компанијата го тестира новиот пристап во одредени земја, но одбил да каже за која држава се работи.