25.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Фетел си сподели очекувањата: Во Бразил постојано нешто чудно се случува!

Најчитани вести

Четирикратниот шампион во Формула 1 и член на Ферари, Себастијан Фетел, ги сподели своите очекувања за трката која ќе се вози следниот викент на патеката „Интерлагос“ во Бразил.

Германецот истакна дека е возбуден од оваа трка бидејќи постојано нешто се случува.

“Трката во Сао Паоло секогаш излегува дека е посебна. Сè може да се случи таму. Не знам зошто, но нешто чудно постојано се случува на таа патека. И ако за една година немаше ништо, тогаш тоа сигурно ќе биде следната. Во принцип, трката на Интерлагос е добра за нашите автомобили изминатите неколку години. Се сеќавам дека добро настапивме овде, Кими беше на подиум минатата година, а пред неколку години победивме тука. Се надевам дека овој викенд среќата исто така нема да не одмине”, изјави Фетел.

Германецот моментно е на петтото место во генералниот пласман, додека Луис Хамилтон од Мерцедес на минатата трка ја освои шестата шампионска титула.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести