30.8 C
Skopje
Friday, July 23, 2021

Фетаи: Само Верушевски може да даде толкување за неговата изјава за модифицирање на „бомбите“

Најчитани вести

Обвинителката Фатиме Фетаи во изјава за медиумите, денеска пред Основниот кривичен суд, рече дека изјавата на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски дека „бомбите” претрпеле модификации и биле компромитирани, не може да влијае на постапките во предметите кои ги отвори СЈО ниту пак на автентичноста на материјалите.

„Во овој момент се работи за исказ кој уште не е довршен, Верушевски минатиот пат беше испрашуван само од обвинителството, доправа следува негово испрашување вкрстено од страна на одбраната, а на крај судот си има право да поставува прашање од појаснувачки карактер. Читав и по медиумите дека господинот Верушевски дал некоја изјава дека материјалите претрпеле некоја модификација, но толкување, појаснување, за тоа може да даде само тој. За нас како обвинителство, автентичноста на материјалите воопшто не беше спорна и не е спорна ниту за тие сведоци кои на почеток примија некои материјали, ниту, пак, тоа го спорат обвинетите во судските постапки. Имаше на почетокот пред да почнеме со судења, изјави на ТВ дека материјалите се сечени, лепени, монтирани, но никој тоа досега не го кажал во судница. И од друга страна се работи за докази кои не се изолирани докази во нашите постапки туку се поткрепени со други докази“, рече обвинителката Фетаи која сега е дел од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести