Пред денешното рочиште за случајот „Монструм“, обвинителката Фатиме Фетаи проговори за платите и бонусите на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство.
Според Фетаи, за платите и бонусите на вработените во Специјалното јавно обвинителство јавноста знаела уште пред три години, меѓутоа тогаш никој не се побунил.
„Платата на обвинителите во СЈО беше 1 300 евра, односно за 300 евра повисока од обвинителите во другите обвинителства. Но, ние за таа плата постапувавме пред Основните, Апелационите и Врховниот суд“, изјави Фетаи.
Меѓу другото, обвинителката Фетаи нагласи дека износот на надоместоците бил одредуван со одлука на специјалниот обвинител, а иако за бонусите се знаело од 2016-та година, никој тогаш не реагирал.
„Генерално, секој обвинител примил околу 22 илјади евра, што не е многу далеку од примањата за патни трошоци кои ги имаат некои пратеници“, изјави Фатиме Фетаи.