Фернандо Љоренте доаѓа во Наполи како слободен играч, тој стави потпис на двегодишен договор со италијанскиот клуб.
Љоренте кој порано беше член и на Јувентус, се враќа во Серија А по две сезони поминати во Тотнем. Тој стави потпис на двегодишен договор со Наполи.
Искусниот 34-годишен напаѓач потпиша како слободен играч и треба да ја зголеми конкуренцијата во нападот на Наполитанците.