Премиерлигашот Тотенхем доживеа вистинска катастрофа пред своите гледачи на пресметката со Баерн Минхен во Лигата на шампионите.
Составот од северен Лондон загуби со дури 7-2 што е за прв пат во својата историја да примат толку голови на домашен терен. Овој пораз дефинитивно дополнително ќе го разниша Тотенхем и соблекувалната со оглед на тоа што овој состав има многу осцилации во играта и резултатите сезоната, односно не може да се спореди со оној од преходната иако тука се најголемиот дел од истите играчи.
-Мислам дека се ќе биде до него, како ќе реагира, како ќе го добие својот тим, како неговата соблекувална ќе реагира на ова. Ова е огромен резултат, да ве победат вака дома во ЛШ и тоа од Баерн Минхен кој е во транзиција и загуби играчи со огромно искуство во текот на летото, да бидат вака уништени…Тој мора да се погледне во огледало и нешто да направи, -истакна Рио Фердинанд алудирајќи со ова директно на Покетино.
Како Тотенхем ќе реагира по овој пораз ќе видиме веќе во сабота на средбата со Брајтон во Премиер лигата.