19 C
Skopje
Friday, March 5, 2021

Фергусон и Вудвард „уловени“ во караница на трибините, фановите на Јунајтед збеснаа

Најчитани вести

Манчестер Јунајтед покажа две различни лица на гостувањето на „Брамал Лејн“, едно ужасна и мизерно во првото полувреме, и едно храбро и пожртвувано во второто, кое сепак на крајот беше расипано со израмнувачкиот гол на домаќините.

Јунајтед се врати од негативата од 2:0, поведе со 2:3 со три гола во периодот од 72-та до 79-та минута, но на крајот повторно прими гол за конечни 3:3 во лудите 20 минути од премиерлигашката средба. Оле Гунар Солскјер призна дека има измешани емоции по крајот на средбата, а интересно, такво нешто можеше да се забележи и на трибините, од каде ни пристигна и една несекојдневна сцена.

Угледните англиски таблоиди „уловија“ и прикажаа една караница меѓу легендарниот Сер Алекс Фергусон и оперативецот Ед Вудвар во моментите кога Јунајтед прими гол за 2:0, а иако содржината од конверзацијата на никого не е позната, фановите на Јунајтед експресно застанаа во одбрана на легендарниот стручњак и бесно распалија по Вудвард кој собра храброст јавно да му се спротивстави на Ферги.

fergi-wudward1

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести