23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Фекалиите од Јаболчиште преку Тополка до питката вода во Велес, пречестителна станица нема

Најчитани вести

Селата Горно и Долно Јаболчиште под јакупица имаат околу 900 жители, ама канализација немаат. Секоја куќа за отпадните води си поставила сопствени цевки кои одат директно во реката Тополка која ги сече двете села.

До пред некое време во реката Тополка завршуваше и губрето од двете села но вардарскиот плански регион заедно со Општина Чашка во чиј атар се селата собраа тони губре и поставија контејнери.

Хидросистемот Лисиче беше пуштен во употреба во 2007 година и од тогаш велешани пијат вода од него. Освен од Тополка во неколку месеци од годината се полни и од Врановска река. Со него стопанисува државно претпријатие Лисиче а водата ја продава на општинското Дервен. Директорот на Лисиче Дејан Арсовски вели дека изградба на пречестителни станици е  покомплексен проблем кој трае со години, Опфаќа собирање, одведување и прочистување на фекаллниот отпад.

И Според директорот на ЈКП Дервен Тони Јовиќ за сега велешани пијат квалитетна вода за пиење, но вели мора да се внимава на внесот на органски материи во акумулацијата.

Вардарскиот плански регион е институцијата која ги обединува двете општини Чашка каде се наоѓа проблемот и Велес на кој му е потребно итно решение. Според раководителот Игор Андреев изработена е проект но пари до сега не се обезбедени.

Според првичните пресметки проектот би чинел одколу 2,3 милиони евра. за сега нема одговор од Владата дали годинава ќе шредвиди пари од буџетот за нивно реализирање. Неодамна државниот ревизор преку извештај алармираше дека многу малку се вложува во пречестителни станици.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести