5.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Фајненшл Тајмс: Прерано е Македонија да се радува на почеток на преговорите со ЕУ

Најчитани вести

Колумна на Тони Барбер во Фајненшл тајмс зборува за таканаречениот „македонски синдром“, термин спомнат во документ на ЦИА од 1971 година, каде на 12 страни се опишува еден од најнерешливите историски спорови во југоисточна Европа. Според весникот и по 50 години од тогаш идентитетските прашања на Македонците останале отворени.

„Документот на ЦИА од 1971 година вели: „Софија тврди дека сите Македонци се навистина етнички Бугари отсечени од татковината“, пишува Барбер според кого прерано е Македонија да се радува на почеток на преговорите со ЕУ.

Колумната ја критикува и Европската Унија која со прифаќањето на условите на Бугарија создала опасен преседан и веќе не е непристрасен медијатор помеѓу двете страни. Ваквиот преседан може да биде употребен и во споровите меѓу други земји на Западен Балкан, се вели во написот.

„Во суштина, тие ја покануваат Северна Македонија да се приклучи, но велат дека тоа нема да се случи освен ако не исполни сет ригорозни барања поставени од Бугарија, нејзиниот сосед. Тие се однесуваат првенствено на јазикот, националниот идентитет и историјата. На кој било чекор од преговорите за влез, Бугарија има моќ да ги запре или одложи со изјавување дека Северна Македонија ги избегнува своите обврски“, вели Барбер.

Весникот го наведува и нефер односот на Унијата во врска со барањето на Софија за признавањето на Бугарите во македонскиот Устав, посочувајки дека нема реципроцитет за македонското малцинство во Бугарија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com