9.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

“Фајзер“ ја тестира вакцината кај деца помали од 12 години

Најчитани вести

Фармацевтската компанија „Фајзер“ денес објави дека ќе започне со тестирање на вакцината кај поголема група деца помали од 12 години, откако ќе одлучат колку помала доза ќе им се дава на децата во споредба со постарите.

Студијата ќе вклучува 4500 деца во повеќе од 90 клинички институции во САД, Финска, Полска и Шпанија, наведе американската компанија, објави „Ројтерс“.

Врз основа на безбедноста, толеранцијата и имунолошкиот одговор при тестирање на 144 деца во првата фаза на студијата за втората доза, „Фајзер“ соопшти дека ќе тестира 10 микрограми од дозата кај деца од пет до 11 години и три микрограми за возрасна група од шест месеци до три години.

Вакцината на „Фајзер“ е одобрена за употреба кај деца постари од 12 години во Европа, САД и Канада и тие добиваат иста доза како и возрасните – 30 микрограми.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com