14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Фаучи ја отфрли студијата за ефикасноста на вакцината на Модерна

Најчитани вести

Водечкиот имунолог во САД, Ентони Фаучи ја отфрли премлиминарната студија во која се наведува дека вакцината Модерна е поефикасна во спречување на делта сојот од вакцината на Фајзер.

Тој додаде дека студијата се уште не е рецензирана.

„Не се сомневам во тоа што истражувачите го виделе, но постојат многу збунувачки варијабили. Јасно е дека мораме да ги убедиме луѓето да добијат бустер доза вакцина што веќе ја примиле, посочи Фаучи.

Студијата објавена на „ medRxiv.org“ и се уште не е рецензирана, изработена е на примерок од 25.000 жители на Минесота, во период од јануари до јули.

Вакцината на Фајзер е најпопуларна и е аплицирана 197 милиони пати од декември 2020 година, откако беше одобрена од американската администрација за храна и лекови, додека вакцината на Модерна е аплицирана 140 милиони пати, а на Џонсон и Џонсон – 13,7 милиони пати.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com