13 C
Skopje
Friday, April 16, 2021

Фаулер откри зошто Клоп ги одбил Манчестер јунајтед и Реал Мадрид а го одбрал Ливерпул: Мразеше што тие…

Најчитани вести

Легендата на Ливерпул, Роби Фаулер откри зошто Јирген Клоп одбил понуди од Манчестер јунајтед и Реал Мадрид и го одбрал Ливерпул за следна дестинација, Германецот мразел што „ѓаволите” и „кралевите” повеќе се фокусираат на биснисот отколку фудбалот.

Јирген Клоп во 2015 седна на жешкото столче на Енфилд и за кратко време ги освои симпатиите на навивачите на Ливерпул. Германецот од „црвените“ направи силна машинерија, која минатата сезона до последно коло водеше битка со Манчестер Сити за титулата, а стигна и до трофејот од Лигата на шампионите.

Ливерпул сега има перфектен старт на сезоната во Англија со осум од осум, па фановите полека почнуваат да сонуваат дека конечно ќе биде прекинат долгиот пост и нивниот клуб ќе се радува на трофеј од Премиерлигата.

Поранешниот играч на Ливерпул, Роби Фаулер открива дека Германецот во минатото ги одбил Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, и објасни зошто стратегот го одбал Енфилд како следна дестинација.

„Пред неколку години направив интервју со Клоп и ми кажа дека по авантурата во Дортмунд обил неколку супер богата клубови. Еден од нив дефинитивно е Манчестер јунајтед, другиот веројатно е Реал Мадрид. Тој го сторил ова бидејќи мразел како тие се фокусираат само на бизнисот“ – пишува легендарниот напаѓач во колумната за Мирор.

„Рече дека го обожавал Ливерпул поради балансот, односно парите потребни да се стигне до врвот и историјата и идентитетот на клубот и навивачите“.

„Исто така рече дека ќе стори се за клубот одново да биде голем и покрај тоа што не е толку многу богат како ривалите, дека може да успее во ова на еден поинаков начин. Се уште не е таму, но сигурно ја врати вербата и гордоста кај фановите на Ливерпул. Јас сум сведок на ова“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести