5.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Фатен сторител на тешка кражба, дел од предметите вратени на сопственикот

Најчитани вести

Полициски службеници од СВР Велес вчера го лишиле од слобода велешанецот М.Д. (20), кој се сомничи дека сторил кривично дело „тешка кражба“.

М.Д. во периодот од 23.09.2022 до 25.09.2022 со употреба на алат влегол во куќа на улица „Стеван Богоев” во Велес, сопственост на Ш.Р. (82) од Петровец и одзел повеќе предмети.

Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести