25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Фатен крадец по гаражи во Скопје

Најчитани вести

Полициски службеници од СВР Скопје вчера лишиле од слобода 36-годишен крадец осомничен за кражба по гаражи. Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 20:45 часот на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода скопјанецот С.Л.(36). Тој се сомничи дека претходно, со употреба на подесен алат, влегол во подземни гаражи на бул.„Свети Кирил и Методиј” и одзел повеќе предмети. Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а во службен разговор со полициски службеници С.Л. го признал делото, се вели во соопштението.

Од МВР информираат дека крадецот бил баран по телеграма распишана од ЕВР Аеродром и Драчево, поради сомнение за извршена „тешка кражба” во обид на 27.02.2022 на ул.„Бојмија” во Скопје.

По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com