20.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

„Фармацевтите“ го отпуштија Питер Бос

Најчитани вести

Челниците на баер Леверкузен му врачија отказ на тренерот Питер Бос. До крајот на сезоната „фармацевтите“ ќе ги предводи Ханес Волф.

Леверкузен не играат добро во вториот дел од сезоната, забележаа порази на последните два натпревари во Бундес лигата. Минатиот викенд со 3:0 беа поразени од Херта. Леверкузен се шести на табелата со 40 бодови, седум помалку од четвртопласираниот Ајнтрахт Франкуфурт.

Покрај лошите резултати во Бундес лигата, една од причините за отказот на Бос е и елиминацијата од Јанг Бојс во шеснаесет-финалето во Лига Европа.

Новиот тренер Волф, на клупата ќе дебитира на 3.април против отпишаниот Шалке.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести