33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

„Фараон“ на голот на Вардар: Ел-Тајар пред потпис со „црвено-црните“

Најчитани вести

Македонскиот шампион Вардар 1961 се наоѓа пред доведување на уште едно засилување за следната сезона. По доведувањата на Кудуз, Томовски, Ѓукиќ и Гурбиндо и скоро со обезбеден потпис на полското крило Чувара, клубот од Скопје се наоѓа пред доведување на уште еден голман.

Еден од најдобрите голмани на африканскиот континент, Египќанецот Мохамед Ел-Тајар се договори со Вардар 1961 и наскоро треба да пристигне во Скопје на потпис на договор, дознава Gol.mk. Вториот голман на египетската репрезентација ќе биде вториот „фараон“ во Суперлигата и ќе се натпреварува против повозрасниот колега Карим Хендави, кој од јануари го брани голот на Пелистер.

Ел-Тајар е 25-годишен, доаѓа од Ал Ахли и зад себе има 51 настап за египетската репрезентација. Иако долго време беше во сенка на Хендави, на последното Светско првенство се наметна. Египќанецот доаѓа во Скопје наместо Кантагрел и заедно со Борко Ристовски и Мартин Томовски ќе го брани голот на „црвено-црните“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести