4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

„Фантом“ лекар лекувал ковид пациентка дома, по што таа починала

Најчитани вести

Случајот до нив го пријавил здравствен работник од болницата, а инспекторатот за тоа веднаш ја известил и полицијата.

Жена заразена со коронавирусот починала во ковид-центар неколку часа по приемот, откако претходно една недела засега непознат лекар во домашни услови и давал инфузија за која никаде не постои пишан документ или извештај, велат од Државниот здравствен инспекторат. Случајот до нив го пријавил здравствен работник од болницата, а инспекторатот за тоа веднаш ја известил и полицијата.

Дека починатата седум дена била лекувана дома потврдиле и нејзините блиски роднини, кои ги навеле точните називи на лековите кои и биле давани, а иститите ги посочил во писмен допис и здравствениот работник, кој извршил прием во болница на пациетнтката.

-Според сите законски прописи, испектори од ДСЗИ, веднаш по преставката на здравствениот работник, излегоа на терен и утврдија дека матичниот лекар на пациентката и препишал само таблетарна антибиотска терапија, пациентката потоа никогаш не побарала преглед или совет од матичниот лекар идека не е познато кој, на сега веќе починатата и давал терапија и притоа не оставил никаков пишан документ или извештај. – велат од државниот здравствен инспекторат,

Од таму апелираат до граѓаните кои се заразени со коронавирусот да не прифаќаат лекување во домапшни услови доколку за тоа не се изјасни матичниот лекар и задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување. Директорката на инспекторатот Ирина Бухова, вели дека апелот го упатуваат со цел да ги заштитат граѓаните и нивното здравје.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com