10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Фановите на Кание Вест бесни поради соработката со Мерлин Менсон

Најчитани вести

Портпаролот на Мерлин Менсон за „Newsweek“ потврди дека контроверзниот рокер ќе гостува на албумот на Кание Вест.

„Гласот на Мерлин Менсон беше претставен на „Донда“, и тој ќе продолжи да работи концептуално со Кание на проектот“, рече портпаролот на Менсон.

Пејачот неодамна се појави на концертот на Кание организиран по повод објавувањето на албумот.

Менсон беше цел на неколку обвинувања за сексуална, физичка и психичка злоупотреба на неговите поранешни партнери, вклучувајќи ги и актерките Еван Рејчел Вудс и Есме Бјанко.

„Моите интимни односи отсекогаш биле целосно во согласност со моите партнери“, рече пејачот неодамна.

Меѓутоа, иако беше самоуверен, неговиот менаџер и издавачката куќа го напуштија.

Фановите на Кание Вест не ја примија добро веста за нивната соработка со Менсон, а нивната критика ги преплави социјалните мрежи.

„Фактот дека тој се уште се потпира најмногу на шок факторот за да ја „поттикне“ продажбата на албуми, е тажен“, коментира еден корисник на Инстаграм.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com