Home » Фановите на Адел бесни: Пејачката прави концерти само за богати, цената на билетите до 40.000 долари

Фановите на Адел бесни: Пејачката прави концерти само за богати, цената на билетите до 40.000 долари

by Журнал.мк

Билетите за првиот настап на британската пејачка Адел во Лас Вегас се продаваат за повеќе од 40.000 долари на одредени веб-страници, додека билетите за другите концерти можат да се најдат по цена од 20.000 долари.

Во понеделникот пејачката објави нови датуми за серија концерти во Лас Вегас, откако претходно беше принудена да ги одложи своите настапи само 24 часа пред премиерата во јануари оваа година.

Заедно со 24-те одложени настапи, најавени се уште 8 нови, а истите ќе траат од 18-ти ноември 2022 година до 25-ти март 2023 година.

Според соопштението на „Ticketmaster“, компанија за продажба и дистрибуција на билети, сите постоечки билети важат за новиот датум. Понатаму, ќе бидат достапни помал број дополнителни билети за сите 32 изведби.

Сепак, пристапот до секоја претпродажба ќе биде ограничен, а предност ќе имаат фановите кои купиле билети за претходните настапи.

Набргу по ваквата информација, беше објавено и дека билетите за премиерата чинат помеѓу 600 и 41.000 долари на веб-страницата „Stubhub“.

Во понеделникот, „Bloomberg“ објави дека од 17:30 часот по њујоршко време, биле достапни две влезници од 41.280 долари за настапот на Адел на 18-ти ноември.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More