Home » Фановите загрижени: „Шакира изгледа прилично уморно и непрепознатливо поради раскинувањето со Пике“

Фановите загрижени: „Шакира изгледа прилично уморно и непрепознатливо поради раскинувањето со Пике“

by Журнал.мк

Колумбиската пејачка Шакира по раскинувањето со Жерар Пике, првпат била видена во Барселона.

За жал, се чини дека колапсот на љубовта придонесе пејачката да стане непрепознатлива. Судејќи по фотографиите кои се појавија на Твитер, а кои ги споделуваат загрижените фанови – изгледа прилично уморно, скршено и загрижено.

Папараците ја „уловиле“ додека возела, а фановите тврдат дека пејачката „се распаѓа поради раскинувањето со Пике“.

Не треба да го игнорираме фактот дека нејзиниот татко неодамна беше хоспитализиран , а тоа многу ја погоди пејачката.

Додека Шакира тагува, бившиот лудува на забави, а шпанските медиуми објавија дека е виден во друштво на мистериозна русокоса на прослава во Стокхолм.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More