33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Фановите бараат од Опра да направи интервју со Бритни: „Би било одлично!“

Најчитани вести

Фановите на пејачката веруваат дека нејзиното интервју ќе се фокусира на проблем што движењето #FreeBritney сака да го реши.

По интервјуто на Меган Маркл (39) и принцот Хари (36) со Опра Винфри (67) кое крена прашина низ целиот Свет, обожавателите започнаа да ѝ пишуваат молби на легендарната водителка да разговара со поп-sвездата Бритни Спирс (39).

– Го чекам следниот разговор, оној со Бритни Спирс. Би било одлично за Бритни да разговара со Опра – ова се само некои од коментарите на Twitter.

Фановите на пејачката веруваат дека нејзиното интервју ќе се фокусира на проблем што движењето #FreeBritney сака да го реши.

Нејзините обожаватели минатата година покренаа иницијатива на социјалните мрежи да започнат иницијатива, со што извршија притисок врз судот да ја ревидира претходната одлука дека нејзиниот татко Џејми Спирс (68) ѝ го водел животот.

Опра сè уште не одговорила на молбите, а Спирс неодамна ја заинтригираше јавноста со филмот „Framing Britney Spears“ во кој се зборува за нејзината кариера и старателството од нејзиниот татко. Пејачката објави за филмот на Twitter.

– Сите имаме своја приказна и свои ставови за туѓите приказни. Сите имаме толку многу различни, одлични и убави животи. Запомнете, колку и да мислиме дека знаеме нешто за нечиј живот, тоа не е ништо во споредба со вистинската личност што живее зад објективот “, напиша Спирс на Twitter. Таа додаде дека „се обидува да стане нормална“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести