14 C
Skopje
Thursday, May 6, 2021

Фалкао лут на раководството на Монако

Најчитани вести

Фудбалерот на Монако, Радамел Фалкао не е задоволен од настапот на раководството на клубот во преговорите со Галатасарај.

Според „Л’екип“, Колумбиецот е налутен што потпретседателот на Монако, Олег Петров не го задржал вербалниот договор постигнат на крајот на минатата сезона. Наводно, Петров ветил дека клубот ќе го пушти Фалкао да си замине ако добие понуда што му одговара.

Колумбиецот беше во можност да преговара за тригодишен договор со Галатасарај, но Петров рече дека Фалкао мора да го почитува неговиот договор со Монако.

За потсетување, договорот на Колумбиецот со клубот од Кнежеството важи до летото 2020 година. Се очекува во многу скоро време Фалкао да се сретне со раководството на Монако за да разговараат за неговиот статус.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести