17.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Фалкао дебитираше со страшна реализација, Димитриевски му одговори со неверојатна одбрана

Најчитани вести

Рајо Валјекано ја забележа втората победа на стартот на новата сезона во Примера и ја продолжи мизеријата на градскиот ривал Хетафе, кој по денешниот меч во Валјекас, останува на „нула“ по пет одиграни кола во шпанската елита.

Саботната програма во Ла Лига беше отворена со малото дерби во шпанската престолнина, во кое Рајо покажа дека во овој момент е далеку поквалитетен и поразигран тим од оној кој го предводи тренерот Мичел.

Трехо го отвори резултатот со реализација од пенал во првото полувреме, но најголемите возбудувања пристигнаа во последните 15 минути од мечот, или од моментот кога Радамел Фалкао влезе во игра.

Искусниот Колумбиец доби шанса во 71-та минута и дебитираше за новиот клуб по враќањето во Шпанија, а веќе во 82-та минута го запиша и својот прв гол со страшна реализација во манир на врвен голгетер, епитет кој е добро познат за него.

Пред неговиот погодок, Сис во 78-та минута погоди за 2:0, а по голот за 3:0, Столе Димитриевски се погрижи овој резултат да биде конечен на мечот.

Македонскиот чувар на мрежата одговори на голот на Фалкао со неверојатна одбрана од пенал, фаќајќи ја топката „жива“ и покрај тоа што интервенираше со една рака по ударот на Енес Унал.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com