10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

ФАЛАТ 500.000 МАКЕДОНЦИ на пописот, нема да се бара продолжување

Најчитани вести

Во Македонија има повеќе гласачи отколку државјани! Според досегашните резултати на пописот кој завршува утре, формално, според тие бројки недостасуваат над 500.000 граѓани, државјани.

Еден ден пред завршување на пописот, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, за Алсат вечерва соопшти дека нема да се бара дополнителен рок за завршување на оваа операција. Тој уверува дека Заводот е добро организиран и оти утре сè ќе заврши според планираното.

За продолжување на пописот партиите имаат различни ставови. Од СДСМ велат дека немаат конкретен став додека евентуално не дојде таква иницијатива од Заводот за статистика, од ДУИ рекоа дека ќе ја поддржат секоја иницијатива на надлежните институции, додека од Алијанса за Албанците побараа пописот итно да биде продолжен преку законски измени во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествува на евентуална таква седница.

Во меѓувреме, попишувачите се на терен, а граѓаните ги користат последните моменти за да се запишат.

„Чекавме доста, и сега доаѓам овде трипати. Бараат ова, тоа, и така натаму. Сега ја земав личната карта на сопругата и дојдов тука“.

„Не дошле, утре е крајниот рок, ме излажаа дека ќе дојдат утре. Но, нема врска. Чекаме 1 недела за да дојдат“.

Има многу искрени кои велат дека оставиле писмо, но ние не можевме да им се јавиме и сега доаѓаат тука и се пријавуваат. Има и такви кои велат дека не биле попишувачите во нивните населби, тоа е вистина. Има некои населби кои не беа покриени – изјави Беким Бериша, попишувач.

До вчера беа регистрирани вкупно 1.760.194 граѓани, 546.080 домаќинства и 789.406 станови. Од дијаспората беа регистрирани над 201.000 иселеници.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com