4.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Фалат попишувачи, се продолжува рокот за пријавување

Најчитани вести

Јавниот конкурс на Државниот завод за статистика за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис на населението, домаќинствата и становите требаше да заврши денеска, но потребниот бројот на попишувачи не е исполнет. Конкурсот беше отворен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но поради летните одмори беше продолжен до 12 август. Конкурсот и овој пат ќе биде продолжен, бидејќи бројката на пријавени не е задоволителна, вели за весникот Вечер, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

– Бројката на пријавени попишувачи не е задоволителна, апликацијата ќе стои отворена. Најмногу попишувачи фалат во скопските општини, во општините со албанско население Гостивар, Тетово и во Кичево. Малку пријавени има и во Охрид, Струмица и во Ново Село. Сметаме дека тоа се должи на летните одмори и на тоа што луѓето по цел ден се по земјоделски работи. Ќе продолжиме со повиците и на локално ниво, поставуваме огласи и на станбените згради и се надеваме дека ќе дојдеме до потребната бројка – вели Симовски за весникот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com