Home » УЈП со ново известување за граѓаните кои скенираат фискални сметки

УЈП со ново известување за граѓаните кои скенираат фискални сметки

by Журнал.мк

Од Управата за јавни приходи (УЈП) информираат дека во тек е прилагодување и ажурирање на апликација МојДДВ.

„За да може да се скенираат фискалните сметки потребно е во апликацијата во делот „ПРОФИЛ“ во прозорчето „Тип на баркод скенер“ каде што сега стои „Напреден“ да ја изберете опцијатата „Основен“, велат од УЈП.

🗣Почитувани корисници на МојДДВ ве известуваме дека во тек е прилагодување и ажурирање на апликација МојДДВ.За да…

Posted by МојДДВ on Thursday, July 21, 2022

Од таму се додава дека фискалните сметки кои не може да се скенираат преку опцијата „Основен“, може да се скенираат на киосците и бар код читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи.

„По завршување на овој процес, Управата за јавни приходи ќе извести, повторно да ја вратите опцијата „Напреден“ при скенирање на фискалните сметки. Појаснување за прилагодувањето, следете ги чекорите“, велат од УЈП.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk