12.8 C
Skopje
Saturday, November 27, 2021

УЈП: Ако имате долг од еден денар на ГДП, не плаќајте го

Најчитани вести

Граѓаните кои во Годишната даночна пресметка имаат долг од 1 денар не треба да се грижат ниту да го плаќаат.

Долгот од еден денар се јавува од разликата што произлегува при заокружувањето на децималата при пресметка на данокот во аконтативните пресметки. Ако износот на пресметаниот данок во децимала има пресметка под 0,50, тогаш се заокружува помалиот износ, а на годишно ниво да предизвика обврска за доплата, а доколку е над 0,50 се заокружува поголемиот износ, а на годишно ниво да предизвика претплата. Доколку разликата за доплата се појавува во полето „Разлика за доплата на данок што ја должи исплатувачот на доход во име и за сметка на обврзникот“, тогаш овој износ не се зема предвид за наплата, затоа што наредната година може да биде во претплата и да се пребие, велат од УЈП.

Пред неколку години денарот предизвика остри реакции во јавноста откако граѓаните добија решенија да го уплатат, па за тој денар трошеа по триесеттина денари за уплатница. Овој проблем веќе е надминат

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com