23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Уште 50 сведоци на обвинителството треба да сведочат за случајот „Титаник“

Најчитани вести

Уште 50-тина сведоци на предлог на обвинителството треба да сведочат за случајот „Титаник“, а досега беа сослушани над стотина.

Ово случај е еден од првите случаји отворени од поранешното СЈО, а
обвинителката Лиле Стефанова која го застапува овој предмет очекува во следните неколку рочиште да заврши сослушувањето на сведоците предложени од обвинителството.

Иако станува збор за голем број сведоци, имајќи ја во обзир динамиката на сослушување по неколку сведоци по рочиште ова постапка се предвидува да заврши во скоро време.

Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани.

Според обвинението како осомничени за разни кривични дела поврзани со незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и за нарушување на изборните процеси во 2011 и 2013 година осмоничени се 20 лица. Меѓу нив се и поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Мартин Протуѓер, Илија Димовски и други.

Следното рочиште за случајот „Титаник” е закажано за 29 јануари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести