17.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

Уште една лажна дојава за бомба на белградскиот аеродром

Најчитани вести

На денешниот лет Белград-Москва повторно имаше дојава за бомба.

Како што извести МВР, денеска повторно е пријавено дека имало бомба во авионот што требало да полета од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

Со контрадиверзија на леталото било утврдено дека дојавата за наводно поставената експлозивна направа во авионот што требало да полета од аеродромот „Никола Тесла“ до Санкт Петербург е лажна, се наведува во официјалното соопштение на МВР.

„Полицијата заедно со обвинителството работи на идентификување и гонење на осомничените кои ја испратиле оваа и претходните лажни пријави по електронска пошта, заедно со антитерористичките единици, Управата на граничната полиција, Управата на сообраќајната полиција и Полициската станица Сурчин, посочуваат од МВР.

Ова е четврти пат во последните шест дена да се пријавува бомба на летот Белград-Москва, а за секоја пријава се покажува дека е лажна.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com