25.8 C
Skopje
Thursday, July 7, 2022

Уште еден чекор на Финска и Шведска кон НАТО

Најчитани вести

Русија со својата воена политика ги турка Финска и Шведска во рацете на НАТО. Двете земји во текот на викендот најавија дека сакаат да ѝ се приклучат на алијансата.

Владејачките социјалдемократи во Шведска вчера (15.05) се изјаснија за приклучување на земјата кон НАТО. Со тоа се отвора патот за доставување барање за приклучување, со кое земјата би се збогувала од својата децениска неутралност.

Се очекува малцинската влада на премиерката Магдалена Андерсон да достави барање за приклучување во алијансата најбрзо што е можно. Андерсон вчеравечер изјави: „Утре ќе утврдам дека има широка поддршка во парламентот за барање на Шведска (за прием во НАТО, н.з.), по што ќе бидеме во состојба да донесеме владина одлука.“

Мнозинството во шведскиот парламент дава поддршка на ваквите намери. Големи делови од опозицијата веќе изразија согласнсот за барање за приклучување на земјата во НАТО.

Претходно Финска ја објави својата намера да се приклучи на алијансата. Претседателот Саули Ниинисто зборуваше за „историски ден“ за скандинавската земја. „Почнува нова ера“, рече претседателот.

На одлуката ѝ претходеше интензивна јавна дебата и сеопфатни политички консултации. И Ниинисто и премиерката Сана Марин водеа кампања за приклучување кон воената алијанса. Социјалдемократската владејачка партија на Марин, СДП, вчера се изјасни за ваков чекор. Со тоа е обезбедено мнозинство во финскиот парламент за влез во НАТО. Според последните анкети, и мнозинството од населението го поддржува ваквиот чекор.

Двете земји со децении ја одржуваа неутралноста кога станува збор за воени прашања. Руската инвазија го промени расположението на граѓаните, кои сега сакаат приклучување кон НАТО. Финска и Русија ги дели граница во должина од 1300 километри. Владата во Москва ги предупреди двете скандинавски земји дека ќе се соочат со „сериозни последици“ доколку се приклучат кон НАТО и се закани со стационирање атомско оружје во руската ексклава Калининград.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com