33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

УШТЕ ЕДЕН СЕКС СКАНДАЛ Кралицата Елизабета повторно разочарана

Најчитани вести

Не е добро

Британското кралско семејство никако да се смири. За нив се пишува секој ден во сите светски медиуми, а една од најчестите теми е драмата – без разлика дали станува збор за меѓучовечки односи, или скандали во кои тие се главни актери. Во еден таков бил роднина на кралицата Елизабета Втора, 34-годишниот гроф на Страмор Монт Симон Боус-Лион. Според извештаите во медиумите, тој бил осуден на 10 месеци затвор за сексуален напад.

Проблемите се појавија кога тој во февруари минатата година нападна жена кај шкотскиот замок Гламис. „Се извинувам пред сè на жената што ја нападнав, но исто така и на моето семејство, пријатели и колеги на кои им направив проблеми. Пиев премногу алкохол таа вечер, но тоа никогаш не може да биде изговор за моето однесување “, изјави тој. „Не мислев дека некогаш би можел да се однесувам така, но се однесував и морам да се соочам со последиците и да преземам одговорност“, заклучи, откако минатата година побара стручна помош.

За жал, ова не е прва поврзаност на ова семејство со сексуален скандал. Во 2019 година, принцот Ендру, синот на кралицата Елизабета, исто така беше вмешан во педофилски скандал. Имено, принцот Ендру беше обвинет за спиење со малолетни лица и учество во педофилски круг и макролеење малолетнички организирани од покојниот милијардер Џефри Епштајн.

Неговата наводна жртва Вирџинија Робертс, која сега има 35 години, тврди дека принцот сексуално ја злоставувал. Робертс беше еден од сексуалните робови на Епштајн и неговите пријатели, а во едно интервју откри дека токму милијардерот и наредил да спие со принцот кога имала само 17 години. Таа призна дека една вечер танцувала со принцот, а потоа имале и секс.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести