9.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Уште еден премиерлигаш се вклучи во трката за Варан, Реал чека официјална понуда

Најчитани вести

И понатаму никој не знае што ќе биде со Рафаел Варан. Францускиот стопер е на одмор по завршените репрезентативни обврски, каде воедно размислува и за својата иднина. И во овој момент сите карти се отворени.

Од Мадрид пристигнуваат конкретни информации дека Варан се уште официјално не ја одбил понудата од Реал за нов договор, иако е јасно дека во овој момент е поблиску до заминување отколку останување. Варан во интервју за „Марка“ пред Европското првенство изнесе сомнежи околу своето останување, по што почна да се подготвува трансферот во Манчестер Јунајтед.

Релевантните европски инсајдери тврдат дека Манчестер Јунајтед е најблиску до потписот на Варан бидејќи со денови наназад се работи интензивно на овој трансфер преку разговори со неговиот агент Франко Тримболи каде се споменува годишна плата од 12.000.000 евра, а „Марка“ сега тврди дека во трката се вклучил и Челзи. А Реал Мадрид се уште чека официјална понуда…

Актуелниот европски шампион ја следи ситуацијата околу Варан во последните неколку недели, а сега одговорните на „Стемфорд Бриџ“ решија да ја испитаат ситуацијата со еден од најбараните дефанзивци во Европа. Томас Тухел од доаѓањето во Лондон во јануари инсистираше на засилување на одбраната, односно Тијаго Силва да добие уште едно силно име со кое ќе се комплетира трилингот заедно со Антонио Ридигер.

Челзи овие денови е зафатен со доведување на Ерлинг Халанд, но преговорите со челниците на Дортмунд се тешки бидејќи немаат намера да го пуштат норвешкиот напаѓач, поради што сега во фокусот е Варан. Францускиот стопер сака нов предизвик и јасно му е дека Премиер лигата е најинтересна од повеќе причини – од квалитетот на натпреварувањето, конкуренцијата, до финансиите. За потсетување, Варан во Реал има плата од 5.000.000 евра, а клубот му нуди продолжување на договорот за 7.500.000 годишно, додека Јунајтед нуди значително повеќе.

„Сините“ можат финансиски да ги испратат барањата на Варан, а кон Западен Лондон може да го привлече амбициозниот проект со оглед на тоа дека Тухел на располагање го има еден од најталентираните состави во Европа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести