5 C
Skopje
Saturday, March 6, 2021

Уште еден неуспех за Apple: Разочарувачка продажба на паметните часовници на компанијата!

Најчитани вести

Apple Watch е познат како паметен часовник кој е одличен додаток на смартфонот со посебно внимание на фитнес и здравјето. Но, кога прв пат беше претставен во 2015, неговата судбина не беше дефинирана..

Уште од самиот почеток, главниот дизајнер на Apple кој неодамна ја напушти компанијата, имала различна замисла за дизајнот на часовникот. Додека Ive сметал дека треба да биде промовиран како моден додаток, останатите сметале дека треба да биде претставен како “продолжение” на iPhone уредите. На крај, Apple се обиде да ги задоволи сите корисници – создаде еден модел со цена од 350 долари и верзија со 18K злато во комбинација со Hermès ремче по значително повисока цена од 17,000 долари. 

Со самото претставување во 2015 година, уредите имаа продажба пониска од очекуваната – компанијата предвиде продажба од 40 милиони, а продаде само 10 милиони единици. Но, најголемото разочарување дефинитивно беше од поскапата верзија. Од моделот со цена од 17,000 долари биле продадени само неколку илјади единици и тоа само во првите две недели од претставувањето. Откако паднала возбудата за серијата, продажбата на овој модел била речиси непостоечка. 

$10,000+ Apple Watch Edition sales plunged after just two weeks

Неколку години подоцна, сега Appel веќе и прекина да произведвуа вакви скапи часовници. Сеуште постои еден вид премиум верзија, но нејзината цена е 540 долари. Модел од неколку илјадници долари компанијата нема произведено уште од 2016 година. И покрај ниската цена, овој модел е задолжен за само 5% од целосната продажба на паметни часовници на компанијата – бројка која е многу ниска. 

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести