Home » Уште еден евтин кинески автомобил доаѓа во Европа

Уште еден евтин кинески автомобил доаѓа во Европа

by Журнал.мк

Концепциски сличен на „Smart“, овој мал автомобил има електромотор со 46 коњски сили и 102 Nm, како и батерија од 16,5 kWh која по „NEDC“ стандардите овозможува автономно возење од 200 километри.

Оваа марка сега има производ за Европа, минијатурен електричен автомобил со симпатичен изглед. Името му е „i-Go“, но всушност станува збор за автомобил на кинескиот произведувач ” Henan Henrey Shiying Vehicle“.

Концепциски сличен на „Smart“, овој мал автомобил има електромотор со 46 коњски сили и 102 Nm, како и батерија од 16,5 kWh која по „NEDC“ стандардите овозможува автономно возење од 200 километри.

Автомобилот тежи само 795 килограми, а максималната брзина е 100 километри на час.

Моделот најпрво ќе се нуди на пазарите во Шпанија, Франција, Германија, Ирска и Велика Британија, а потоа би можел да се појави и на останатите.

Продажбата почнува на крајот на декември, а најавена е почетна цена од околу 12.000 евра.

Колку за споредба, истиот модел во Кина се продава по цена од 9.385 американски долари. Доколку купувачот нарача 50 примероци, цената е 9.080 долари по возило.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More