31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Уште еден викенд без кафеани и продавници во Србија

Најчитани вести

Викендот што претстои во Србија ќе биде затворено сѐ на цела на територија на државата, освен продавниците со храна, аптеките и бензинските пумпи.

Од следната недела продолжува онлајн наставата во средните училишта, а во соработка со Министерството за образование, и учениците од петто до осмо одделение ќе бидат префрлени на часови на далечина, додека останатите ќе продолжат со наставата како и досега.

Оваа викенд-мерка е слична на минатонеделната кога затворањето на сите објекти, освен тие за храна, аптеките и бензинските пумпи, беше од сабота напладне.

Медицинскиот дел од Кризниот штаб и натаму инсистира на затворање на кафеаните во текот на целата недела поради се поголемиот број заразени и покрај вакцинацијата, што укажува на непочитување на мерките.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести