Home » Ученици од Прилеп на екскурзија на Попова Шапка се превезувале со технички неисправен автобус

Ученици од Прилеп на екскурзија на Попова Шапка се превезувале со технички неисправен автобус

by Журнал.мк

Вчера околу 14:30 часот и 30 минути, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово запреле автобус со прилепски регистарски ознаки, кој превезувал ученици од Прилеп на екскурзија на Попова Шапка.

Кај автобусот, кој веднаш бил испратен на технички преглед, констатирани се технички неисправности, по што бил исклучен од сообраќај, соопштија од СВР Тетово.

Додаваат дека против возачот на автобусот, правното и неговото одговорно лице ќе бидат изготвени, односно ќе следуваат соодветни поднесоци, додека автобусот ќе биде надвор од функција до отстранување на техничките недостатоци.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More