Во учебната 2023/2024 основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст. На денешната седница, Владата, на предлог на Министерството за образование и наука, одлучи учебната година да почне на 1-ви септември а првото полугодие да заврши на 29-ти декември 2023 година.
Од 30-ти декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22-ри јануари.
Во периодот од 29-ти април до 5-ти мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17-ти јуни, а летниот одмор почнува на 18-ти јуни и завршува на 31-ви август 2024 година.