20.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Учениците од четврто, петто и шесто одделение на полугодите ќе имаат описни оценки

Најчитани вести

Учениците од четврто, петто и шесто одделние наместо оценки како досега, на полугодие ќе имаат описни оценки. На крајот на годината ќе имаат оценки. Оваа новина е според новиот Закон за основно образование, а наставниците во основните училишта наредбата ја добиле пред две недели. Евидентниот лист ќе биде даден на увид на родителите на учениците.Досега оценувањето почнуваше во второто полугодие од четврто одделение.

По јавната расправа за законот, невладини организации, односно граѓанскиот сектор барал да продолжи описното оценување и во четврто, петто и во шесто одделение. Бирото за развој на образованието ќе направи упатство, согласно кое на родителите ќе им се каже на која бројчена оценка одговара текстуалната оценка. На крај од учебната година оценувањето ќе биде бројчено – велат во Бирото за „Деца.мк“.

Наставници велат дека ова им е нова обврска која ќе ги оптовари дополнително со оглед на другите административни обврски што ги имаат во текот на учебната година.

Овој период во тек се родителските средби, кои се свикуваат по завршување на првото тромесечие од учебната година. Родителите ги добија евидентни листови со оценките на нивните деца, кои се описни, за секој предмет поединечно е впишано постигнувањето на учениците.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com