Изутринава на северот во Косово мирно. Припадниците на КФОР сè уште се распоредени на терен откако вчера косовските Срби се судрија со нив, во обид да влезат во општинската зграда во Звечан.
Силите на КФОР употребија солзавец за да ги одвратат во намерата, на што насобраните лица возвратија со камења и шишиња. 53-ца се повредени, тројца се во болница, а еден е во животна опасност.
Повредени се и околу 25 војници. Српскиот претседател Вучиќ за инцидентите го обвини косовскиот премиер Курти.