25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Утре сончево време со температура до 22 степена

Најчитани вести

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност. Во раните утрински и претпладневни часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени.

Во Скопје, наутро со појава на магла, која во текот на денот ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во деновите од викендот ќе се задржи стабилно и топло време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, на места поројни проследени со засилен јужен ветер. Повремени локални врнежи од дожд ќе има и во среда.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести