Home » Утре се очекува објавување на последниот ИПАРД 2 повик

Утре се очекува објавување на последниот ИПАРД 2 повик

by Журнал.мк

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска, на средба со новинарите, ќе го презентира последниот повик од ИПАРД 2 Програмата, што треба да биде објавен утре, 4-ти август.

Земјава веќе очекува Брисел да ја испрати финансиската спогодба за ИПАРД 3, во која ќе биде точно наведен буџетот по години и мерки. Веднаш потоа, ќе биде објавен и првиот јавен повик со што и официјално Северна Македонија, прва во регионот ќе почне со реализација на новиот програмски период од ИПАРД 3, велат од Министерството за земјоделство.

Согласно со проекциите, ИПАРД 3 ќе биде за 62 насто финансиски „потешка“ од ИПАРД 2 програмата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More