3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Утре СДСМ ќе расправа за оставката на Заев, а Алтернатива за или против влез во владината коалиција

Најчитани вести

По одложувањето на закажаните состаноци на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ поради деновите на жалост, утре партиските органи на социјалдемократите ќе се изјаснат за оставката на нивниот лидер Зоран Заев. И раководството на Алтернатива утре конечно ќе реши дали влегува или не во владината коалиција на СДСМ и ДУИ.

Заев побара од ЦО и ИО на СДСМ само да ја констатираат неговата оставка најавена уште на 31 октомври и да почне процедурата за избор на нов претседател на партијата. Меѓутоа неговите блиски соработници и дел од членството сметаат дека тој треба да остане на лидерската партиска позиција и на премиерската функција. Дел од нив дури и предлагаат референдум на партиското членство за потегот на Заев.

Ако утре СДСМ ја прифати оставката на Заев, почнува рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател. Изборите се непосредни, со тајно гласање за сите пријавени членови. Новиот претседател, како што најави и Заев, треба да биде и мандатар на новата влада. Неофицијално еден од можните претеденти на оваа функции е Димитар Ковачевски, кој што го придружуваше Заев на лидерската средба со Африм Гаши.

Пред една недела Зоран Заев и Африм Гаши, претседателот на Алтернатива, партија која има 4 пратеници, ја имаа последната средба после која премиерот изјави дека посакува парламентарното мнозинство да се засили. Гаши тогаш изјави дека има две опции – да останат во опозиција или да се приклучат кон владејачкото мнозинство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com