21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Утре протест пред судот во Куманово, повторно за случајот со Алмир

Најчитани вести

Група граѓани утре во 12:30 часот ќе протестираат пред Основниот суд во Куманово, дознава Кумановски Муабети.

Засега нема официјална покана за настанот, или барем македонските медиуми не ја добиле. Според информации од колегите од редакциите на албански јазик, протестот го предводи група граѓани меѓу кои и советникот од Советот на Општина Куманово Осама Муадини, кој заедно со сите советници Албанци во петок ја напуштија седницата, како знак на протест против вработување во противпожарната единица на братот на осуденото лице за сообраќајната несреќа во која смртно страдаше четиригодишниот Алмир Алиу.

Целиот случај го започна советникот Муадини, кој во петок ја напушти седницата во знак на бојкот против наводното вработување, иако за такво нешто на советот не стануваше збор. Како знаел Муадини дека токму споменатото лице ќе се вработи останува непознато, со оглед дека советниците не вработуваат пожарникари, туку само носат одобрување за новите шест вработувања во ТППЕ Куманово.

Според информациите од албанските медиуми, на утрешниот протест ќе бидат поставени и шатори пред судот во кои дел од учесниците во протестот ќе останат се додека не се исполнат нивните барања, а кои се барањата засега е непознато.

Инаку за смртта на малиот Алмир Алиу, во 2018та година на шест години затвор е осуден Бобан Илиќ, додека против неговиот брат за кој деновиве се дебатираше и на советот нема никаква пресуда со оглед дека не беше опфатен во кривичниот прогон.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести