20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Утре нов протест против пресудите во случајот „Монструм“

Најчитани вести

За утре е закажан нов протест против пресудата за обвинетите во случајот „Монструм“, за петкратното убиство кај Смилковско езеро, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Протестот е во организација на роднините и поддржувачите на осудените. На последниот протест се случија повеќе инциденти во кои имаше повредени полицајци и оштетени јавни објекти, по што беа уапсени и обвинети повеќе лица, а тројца од обвинетите признаа вина и беа осудени за насилство на по една година затвор.

Демонстрантите на протестот на 26 февруари годинава сакаа да протестираат пред Кривичниот суд и пред Обвинителството, но полицијата го запре маршот на Бит пазар.

Организаторирите на утрешниот протест најавуваат дека сакаат да протестираат пред Владата, а протестниот марш ќе почне во 13.30 часот од паркот во скопски Чаир и ќе продолжи кон Владата, при што за сообраќај ќе бидат затворени улиците Христијан Тодоровски Карпош, Џон Кенеди, Цветан Димов, Крсте Мисирков и булеварот Гоце Делчев. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести