24 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Утре без струја делови од неколку скопски општини

Најчитани вести

Заради планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром, Кисела Вода и Сопиште.

Во периодот од 08:00 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Радишанска” во близина на река Серава, улиците „46″, „48″, „50″, „52″ и околината, патот за село Љубанци и околината на игралиштето Радишани во општина Бутел.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе имаат корисниците од дел од улиците „20″ и „22″ во село Волково, општина Ѓорче Петров, а во периодот од 08:30 до 15:00 часот корисниците од малите броеви на подулиците од „1″ до „30″ на дел од улицата „Тодор Чангов” во населба Лисиче во општина Аеродром.

Без струја во периодот од 09:00 до 11:30 часот корисниците од дел од ул. „Марко Цепенко” во општина Кисела Вода, во периодот од 09:30 до 13:30 часот корисниците од дел од село Патишка Река и викендиците во Патишка Река и фирмата ПЦЦ Хидро ДООЕЛ Скопје во општина Сопиште.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести