28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Утрешните избори во СДСМ ќе ги спроведат 237 одбори, право на глас имаат 68.999 членови

Најчитани вести

СДСМ прави нов исчекор, утре ги спроведува првите внатрепартиски избори за избор на претседател на партијата, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Централната изборна комисија, 80 општински Изборни Комисии, 237 Избирачки одбори низ државата се подготвени да ги реализираат изборите. Со новите електронски картички, активно регистрирани 68.999 членови ќе го изберат новиот претседател на партијата. Изборите ќе бидат безбедни за здравјето, со строго почитивање на сите мерки протоколи“, напиша Николовски на фејсбук.

Тој ги повика сите регистрирани гласачи да го искористат правото на глас и, како што рече, да дадат придонес во демократизацијата и напредокот на партијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести